Русите веќе подготвиле регистарските таблички за освоените територии во Украина?!
Европската унија не признава нови регистарски таблички
Дека Русите не планираат да се повлечат од освоените територии во Украина, можеби најдобро говори следниот факт – имено, тие веќе подготвиле регистарски таблички за возилата на окупираните територии во Донбас, Луганск, јужна Украина, Херсон… а утврдени се и бројчаните шифри за остатокот од Украина. За сето ова јавноста ја информира инспекторот Флорис Де Вогел од полицијата во Антверпен, пишува Roadpol.
Преку сигурни извори, Де Вогел, меѓународен експерт за регистарски таблички и регистрации на возила, дознал дека се издаваат нови регистарски таблички на сопствениците на приватни возила на териториите на Украина кои моментално се окупирани од Русија. Тој посочува дека овие таблички не се признати и се сметаат за нелегални во Европската унија. Регистерските таблички издадени на окупираните територии имаат ист изглед како табличките во Русија. Ова е причината зошто е тешко за европската полиција да ги препознае и идентификува овие специфични таблички на јавните патишта во Европа.
Руските регистарски таблички користат буква проследена со три бројки и уште две букви. За да се подобри читливоста на руските регистарски таблички во странство, се користат само 12 кирилични букви, кои се присутни и во латиницата (A, V, E, K, M, N, O, R, S, T, X, U). Регионалниот код е последниот дел од бројот на регистарската табличка. (77, 97, 99, 177, 197, 199 и 777 за Москва, 78, 98 и 178 за Санкт Петербург, итн.) Комбинацијата е исто так специфична и за статусот на сопственикот на возилото. A000AA е за офицери и олигарси (интересно е што имаат посебни ознаки), а A000AB е за обичните граѓани.
Според Де Вогел, Русија почнала да издава регистарски таблички за окупираните територии на Украина од август 2022 година. Тие можат да се препознаат по последните цифри – 184 е шифрата за окупираната област Херсон, а 185 е шифрата за окупираната област Запорожје. Броевите 180, 181, 188 и 194 се резервирани за сите нови територии што ќе бидат окупирани во иднина, но поради недостаток на нови руски напредување сè уште не се доделени.