РКЕ: Од полноќ се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР БС-95!
Со денешната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 25.10.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 100,50 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит и на Мазутот М-1 НС изнесува 49,483 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,207% или за 27,850 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,780% или за 19,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 0,901% или за 9,500 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,027% или за 5,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 62,9003 ден/$ и е за околу 0,008% понизок од курсот на доларот (62,9053 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.