Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 23.08.2021 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,089 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.08.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,019 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 2,338 % или за 15,800 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 3,952 % или за 22,200 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,602 % или за 25,400 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,891 % или за околу 16,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,4414 ден/$ и е за околу 0,152 % повисок од курсот на доларот (52,3615 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.