Фабриката за производство на автомобили Rimac во Загорје досега има произведено 12 концептни прототипови на моделот C_Two, кои се користени за интензивните тест програми

Најавените 6 нови единици ќе бидат скоро идентични со сериските верзии, особено во карактеристиките на завршната обработка на возилото.

Со овие примероци ќе се заврши последната фаза на тестирање и ќе се отстранат сите можни недостатоци кои можат да бидат присутни при сериската реализација.

„По илјадници часови симулации, години на дизајнирање и бројни прототипови, посебно е чувството да се видат пред-производствени копии создадени на производната линија“, вели Мате Римац, додавајќи: „Ова е најочигледен знак дека C_Two е скоро подготвен, па затоа сме нетрпеливи во исчекувањето на првите примероци до купувачите во текот на 2021 година“.

Според прелиминарните податоци од 2018 година, Rimac C_Two ќе може да развива брзина од 412 км на час, забрзување од 0-100 км на час за помалку од 2 секунди, и 0-160 км на час за 4,3 секунди.