Основачот на Rimac Automobili, Хрватот Мате Римац е тема на реномираниот британскиот магазин Economist

Rimac минатата година го претстави својот втор електричен хибриден автомобил, C_Two, кој има спектакуларни перформанси.

„Ќе го добиете она што ќе го платите, а ако платите 1,9 милиони долати, следната година ќе може да преземете електричен автомобил кој може да развие брзина од 415 km/h, има моќ од 1.888 КС и забрзување до стотка за 1,85 секунди . Не најмоќниот електричен или хибриден автомобил, не најмоќниот автомобил со мотор со внатрешно согорување , туку најмоќниот автомобил некогаш“, вели Economist.

Британското издание се обидело на практичен начин да објасни колку навистина овој автомобил е навистина брз.

„Ако го издвоите времето за полнење на батериите по секои поминати 650 километри, а притоа ги игнорирате ограничувањата на брзината и сообраќајниот метеж на патиштата, би можеле да тргнете од Света недела во Хрватска (седиштето на Rimac Automobili) после ручек и да стигнете до 1.650 километри одалечениот Лондон за време на вечера“.

Rimac Automobili минатата година броеше 200 вработени, оваа година таа бројка е 500. Прогнозите велат дека за неколку години оваа бројка ќе биде неколку илјади.