Renault го претстави Twingo за 2019 година
Францускиот производител ја рестилизираше актуелната трета генерација на својот најмал модел
По повеќе од 4 години на пазарот, Twingo 3 време беше за рестилизација. Покрај стандардните козметички подобрувања, направени се промени и на системот за суспензија и внатрешноста на автомобилот.
Twingo за моделната 2019-та има нови фарови во кои сега се вклучени и LED дневни во облик на буквата „С“, а рестилизиран е и предниот браник. Истиот визуелен мотив со буквата „C“ нашол примена и на задните светла, а моделот добил и нова рачка за отворање на багажниот простор поставен под задниот бришач.
Освен новиот дезени на навлаките за седиштата, корисниците во поскапите пакети ќе имаат на располагање подобрен мултимедијален систем со екран на допир од 7-инчи кој ги поддржува Android Auto и Apple CarPlay системите за поврзување.
Централната конзола е редизајнирана за да во поевтините верзии се смести држач за паметни уреди, кои можат да послужат наместо навигација, а Twingo за 2019 има и две USB порти како и еден AUX порт.
На клиентите се на располагање и две нови нијанси на екстериерот – Mango Yellow и Quartz White, како и нови 16-инчни алуминиумски фелни.
Од Renault наведуваат дека Twingo за 2019 година е спуштен за 10 mm во споредба со моделот пред рестилизацијата, со цел да се намали воздушниот отпор и потрошувачката на гориво.
Моторизацијата се состои од два 3-цилиндерски бензински мотори – 1.0 атмосферец и 0.9-литарски турбо агрегат. Атмосферскиот мотор е достапен во верзии со 65 и 75 КС, што овозможува 95 Nm максимален вртежен момент во двете опции. Моќта се пренесува на задните тркала преку 5-брзински мануелен менувач. Турбо бензинецот произведува 93 КС и 135 Nm (стандардно трансмисијата е мануелна со 5-степени на пренос). Со доплата, овој мотор, може да се комбинира со 6-брзински автоматски менувач со двојна спојка.
Според податоците од производителот, масата на празно возило е 914-999 кг, во зависност од моторот и пакетот на опрема.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1yCJMzW85NB7IStwhoAylJ5B7EvslxAiM” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Renault Twingo за 2019 година својата официјална светска премиера пред публика ќе ја има на саемот во Женева во почетокот на март.