Во првиот дел на јануари 2021 година биле продадени две места за паркирање во Кулата на Федерацијата, како најрепрезентативен облакодер во квартот MIBC Moscow Сity

Притоа е постигната и рекордна цена во историјата на трговијата со паркинг места во Русија

Паркингот е достапен за сопствениците на горните катови на кулата, додека самите места за паркирање се погодни и за возила подолги од 5,3 метри. На пример комотно сместување на Rolls-Royce Ghost.

Секое од паркинг местата е распоредено на 27 квадратни метри, а новите неименувани сопственици моралe да избројат повеќе од 185.400 евра (17 милиони руски рубли) за секое поединечно.

Патем, за подобро да се разбере од каде потекнуваат толку огромните цени за паркинг просторoт во Москва, треба да се каже дека главниот град на Русија е прогласен, во однос на сообраќајот, за најпрометниот главен град во светот за 2020 година, според ранг-листата составена од познатата куќа Том Том.

Соодветно место, на пример, во подземна гаража во Лондон се нуди за цифра од 350 илјади британски фунти или нешто повеќе од 394 илјади евра. Во Велика Британија, се крена голема прашина околу овој оглас со море од коментари за тоа како е „близу крајот на светот“, кога некој е толку дрзок да може да бара толку висока сума за еден обичен паркинг простор.