Red Bull објави детали за својот патен болид RB17
За погонот ќе биде задолжен V8 хибрид кој ќе развива повеќе од 1.100 КС, а многу компоненти ќе бидат преземени од Formula 1
Red Bull конечно ги објави деталите за својот долгоочекуван хиперавтомобил кој го најавува со години. Како што стојат работите, ќе треба да чекаме уште долго бидејќи новиот автомобил не би требало да пристигне на патиштата до 2025 година, но барем пристигна официјалната потврда дека автомобил ќе има.
Во однос на името, Red Bull засега не е нешто имагинатевен. Болидот ќе се вика RB17, што значи дека го преземаат начинот на именување на болидите од Formula 1. Болидот на Red Bull во Formula 1 за 2020 и 2021 година се викаше RB 16, а сегашниот е RB18.
Red Bull со именување по болидите во Formula 1 како да сакал да нагласи за каков болид станува збор. Тие претходно најавија дека нивниот хиперавтомобил ќе има перформанси како Formula 1 и ќе биде најбрзиот што некогаш сме го виделе на регуларните патишта.
RB17 е дизајниран од легендарниот F1 конструктор Адријан Њуи. Станува збор за хиперавтомобил со две седишта кој ќе овозможи искуство на тркачка патека какво што досега немало со ниту еден патен автомобил, се вели во соопштението на Red Bull. Ќе бидат произведени само 50 примероци.
Како ќе изгледа автомобилот, Red Bull се уште не открива, напротив објавено е само видео во кое може да се види прилично авангардна скица која веројатно ја открива силуетата на идниот модел.
„RB17 сумира се што знаеме за создавање победнички F1 болид во пакет што обезбедува екстремни нивоа на перформанси во едно двосед“, вели Адријан Њуи.
Погонот ќе биде V8 хибриден мотор кој ќе развива повеќе од 1.100 КС, а многу компоненти ќе бидат преземени од Formula 1 или инспирирани од неа. Комплетните технички детали ќе бидат објавени во догледно време.
Автомобилот ќе чини 5,8 милиони евра без даноци. Покрај автомобилот, клиентите ќе добијат пристап до симулатори за возење, самата програма за развој на R17 и обука за тркачка патека.