Речиси милион деца се именувани по некој автомобилски бренд
Ќе бидете целосно изненадени од најпопуларното име!
Британската интернет страна ChooseMyCar за помош при купување на автомобил, направила анализа за тоа колку деца родени помеѓу 2000 и 2018 година имаат исто име како некоја марка или модел на автомобил.
Така е откриено е дека има многу деца со необични имиња како Lexus, Porsche, Lotus, Astra, Clio, Alfa, Nissan…, а во последно време многу популарно име е Tesla.
Сепак, најчести се имињата кои се идентични со имињата на модели на автомобили.
Од 2000 до 2018 година, во САД и Велика Британија се регистрирани 177.644 имиња Austin, 174.595 Hanter и 132.696 Morgan – ова се трите најчести имиња на деца исто како имињата на „автомобили“.
Егзотичните автомобилски имиња се поретки. Така, само петмина биле крстени Subaru или Chevrolet, шестмина се крстени Cadillac, а регистрирани се и 23 Ferrari, 29 Nissan и ист број на Jaguar.