Првиот суперспортски болид за сите терени / ВИДЕО
По неколку неуспешни обиди, доаѓа уште еден предлог суперспортски автомобил за сите услови
Неговото име е Laffite G-Tec X-Road и само што пристигна во Калифорнија, во оазата на потенцијални клиенти. Зад славното име лежи славна историја. Креатор на возилото е Бруно Лафит, а тој не е никој друг туку внук на Жак Лафит, познат Formula 1 пилот.
Проектот го започнал со неговата сопруга, а во развојот помогнала и G-Tec, компанија управувана од реномираниот конструктор Филип Гаутерон. Специфичните податоци велат дека овој ѕвер се придвижува со 6,2 V8 мотор на General Motors со 720 КС, со погон исклучиво на задните тркала. Преносот е секвенцијален со шест брзини, а најинтересно е што овој автомобил тежи само 1.300 кг.
Велат дека може да оди и до 230 km/h, а има Off-Road подвозје со амортизери со од од дури 432 мм.
Сега и за цената… Стартува од 465.000 американски долари, а електрична изведба е најавена за 545 000 долари.