Очекувано, пристапот е повеќе еволутивен по природа отколку што станува збор за фундаменталните промени

Honda CR-V наскоро ќе влезе во нова генерација, а тест прототипот е забележан во Европа. Волшебниците од Kolesa.ru, повторно, врз основа на шпионски фотографии, создале верен приказ на идниот модел.

Honda CR-V на приказите ги презема пропорциите од актуелниот модел, со имплементација на нова, трапезоидна решетка на ладилникот, на чии страни се наоѓаат тенки куќишта за предните фарови, што некако е следење на темата од актуелниот Honda Passport.

Она што е донекаде не е во согласност со прототипот се должината на хаубата и препустите, што сигнализира на зголемување на димензиите, додека рендерите многу се потпираат на моделот во заминување. Дали споменатото зголемување на димензиите ќе значи присуство на трет ред седишта за американската верзија, останува да се види, но не е невозможно.

Се разбира, ова не се официјални прикази, па затоа рендерите не треба да се земат здраво за готово. Што се однесува до погонските единици, информациите се слаби, но електрификацијата во форма на plug-in хибриден систем не би била изненадување.

Официјалното претставување на новата генерација на Honda CR-V се очекува во 2022 година, за моделната 2023 година.