
Проверете го нивото на маслото и, доколку е потребно, дополнувајте и во гарантниот рок
И сосема нов автомобил троши масло, па затоа занемарување на контролата го оштетува и го скратува животниот век на моторот, а повременото дополнување го обновува маслото и го подобрува подмачкувањето
Многу луѓе мислат дека по купувањето на нов автомобил, нема потреба да се контролира нивото на моторното масло, иако и нов мотор може да троши по некој децилитар повеќе на 1000 км. Ова особено важи за автомобили за кои првиот сервис е закажан за 15.000 km и повеќе. Возењето со недостаток на масло го зголемува абењето на моторот и може да предизвика поголем проблем.
Проверете го маслото и пред да го преземете автомобилот од салон и ако не е до максимум, побарајте продавачот да дополни. Потоа, нивото на маслото во моторот проверувајте го најмалку еднаш месечно или по 1000 прејдени километри и по потреба долевајте, ако нивото падне под половина, помеѓу ознаките min и max на мерната прачка.