Белгискиот институт за безбедност на патиштата VIAS ќе ги скенира социјалните мрежи и снимките ќе ги испраќа до полициските служби

Најавениот нов закон во Белгија ќе забрани глорификација на брзото возење на социјалните мрежи, односно преголеми брзини. Секој што ќе сними брзо возење или акробации со возило опасни по живот и ќе ги објави на социјалните мрежи може да се соочи со казни до 1.000 евра и привремено губење на возачката дозвола на една година. Законот сè уште е предлог на белгискиот министер за мобилност Жорж Гилкине. Се претпоставува дека причината е тешка сообраќајна несреќа што се случила на 20 март минатата година кога маж со својот автомобил влетал во група луѓе за време на карневалот во Стрепи-Бракени, а на социјалните мрежи објавувал видеа од неговите акробации и брзо возење.

Белгискиот министер за транспорт Гилкинет за белгискиот весник SudPresse вели дека брзото возење, заедно со дистракција и возење во пијана состојба, се трите главни смртоносни фактори на белгиските патишта.

„Не можам да прифатам некои возачи да го користат патот како патека во Formula 1, а потоа да се фалат со тоа на социјалните мрежи“, вели Гилкинет.

Белгискиот институт за безбедност на патиштата VIAS ќе ги скенира социјалните мрежи и снимките ќе ги испраќа до полициските служб, кои потоа би можеле да покренат постапка. Законот треба да биде претставен годинава.