Производството на гуми во Европа наскоро ќе престане?! Најголемиот дел од саѓите за производи од гума доаѓа од Русија
Војната во Украина продолжува да создава проблеми за автомобилската индустрија, а на листата се додава уште еден
За недостатокот на никел за батериите на електричните автомобили веќе знаеме, но сега е јасно дека истото важи и за саѓите, кои се потребни за производство на гуми.
Проблемот е што главниот производител на саѓи е Русија, предупредуваат од Германското здружение за гумена индустрија (WDK). Производителите на гумени производи – не само гуми, туку и црева и дихтунзи, веќе се без залихи и наскоро ќе снема. А тоа ќе влијае на автомобилските компании.
„Саѓите се незаменлив материјал за нашето производство и повеќе од 1/3 од нив доаѓа од Русија. Руските достави се прекинати, а европскиот капацитет не е доволен за да се задоволи побарувачката“, вели Борис Енгелгард, извршен директор на WDK.
Набавката на овие суровини од компании надвор од Европа во моментов е невозможно бидејќи не е изградена логистика (самиот процес е многу бавен), пред се поради недостаток на транспортни капацитети. Самите саѓи се користат како зајакнувачка компонента во производството на гума и пластика.
Околу 70% од вкупното производство оди за производство на гуми, а 20% за други производи од гума. Остатокот се користи како црн пигмент, кој го забавува стареењето на пластиката. Тоа дава посебни својства – електрична спроводливост, антистатик, способност за апсорбирање ултравиолетово зрачење и радарско зрачење.