![Производството на автомобили во Германија без руски гас целосно ќе запре?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/04/2-format2020-2.jpg)
Производството на автомобили во Германија без руски гас целосно ќе запре?!
Претставниците на деловните субјекти во Германија се изложени на силен стрес по повеќе основи
Нивната загриженост ја делат и претставниците на пролетаријатот, кои вчера се истакнаа со своите деловни активности и со искажување на своите ставови или подобро кажано „стравови“.
Бидејќи производителите на автомобили, како и индустријата за снабдување, суштински зависат од производите од челик, како и од плодовите на хемиската индустрија, германските синдикати стравуваат дека производството на автомобили може да биде осакатено доколку се прекине снабдувањето со соодветен природен гас од Руската Федерација.
На прес-конференцијата одржана од страна на синдикатот IG Metall Берлин-Бранденбург-Саксонија, говорниците предупредија на непосредниот ефект што воведувањето санкции за увозот на руски гас ќе го има врз економијата.
„Ние силно се спротивставуваме на таквата идеја“, вели регионалниот менаџер Биргит Дис. „Доколку се запре приливот на руски гас, германската економија постепено ќе изумре целосно. Тоа ни приближно не би било споредливо со главоболката која на стопанствениците им ја зададе здравствената криза, а која услови привремени прекини во производството, но и во услужниот сектор. Прекинувањето на производниот циклус кај машинските конструктори, како и во хемиската индустрија, силно би ја потресело германската автомобилска индустрија“, дополнува Дис.
Патем, неопходно е да се нагласи дека и производителите на возила и на компоненти веќе ставија знак прашалник на претходно презентираните прогнози за очекуваните деловни резултати за оваа година, на што ги принуди почетокот на војната во Украина. Индексот кој го покажува моментот во кој се наоѓа економијата, а кој го објавува институтот Ifo од Минхен, бележи поостар пад од кога било. бидејќи во март паднал на минусни 43,1 поени во споредба со плус 14,4 во февруари.