Продавал дрога и оружје и купил дури 14 Toyota Suprа IV: Автомобилите сега одат на аукција … / ВИДЕО
Истрагата открила трговија со оружје и милиони долари во готовина, заедно со 30 или повеќе пожелни спортски автомобили
Пред една и пол година, извесен 41-годишен Кори Тејлор бил запрен од полицијата на Масачусетс во Пелхам, западно од Бостон. Во неговото комбе, полицијата пронашла околу 63 килограми марихуана, што поттикнало дополнителна истрага.
Потоае е откриена илегална трговија со оружје и милиони долари во готовина во неговиот дом, заедно со 30 или повеќе автомобили, меѓу кои Toyota Suprа, BMW E46 M3, Nissan 350Z и неколку модифицирани Mitsubishi модели.
<iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fpermalink.php%3Fstory_fbid%3D3279738505398784%26id%3D420838334622163&show_text=true&width=500″ width=”500″ height=”742″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share”></iframe>
Според Jalopnik, 27 од тие автомобили сега излегуваат на аукција преку платформата Stanley J. Paine Auctioneers, а потврдено е дека се запленети автомобили на Тејлор. На блогот TireMeetsRoad.com некој напишал коментар: „Со кешот од продажбата на „ѓаволската салата“, Тејлор дел од парите ги претворил во JDM рај.
Многу луѓе веќе наддаваат за автомобилите, а најниската понуда во моментот е 9.250 долари (66.000 долари) за Nissan 350Z од 2003 година со 75.600 километри на час.
На другиот крај од спектарот се Supra од 1998 година со шест-брзински мануелен менувач и 37.000 милји како и Supra Limited Edition 15th Anniversary од 1997 година со 64.370 километри. Некој нуди 125.000 долари за секој од нив.
Тејлор, во меѓувреме е починат, но дефинитивно имал добар вкус за автомобили што се потврдува фактот дека дел од автомобилите се замотани во најлон.
Целиот каталог вклучува тринаесет Toyota Suprа единицици од четвртата генерација, две Honda S2000, два Nissan 350Z, два Mitsubishi Lancer Evolutions, пет BMW E46 M3, Lime Rock Park Edition BMW E92 M3 и неколку други автомобили.
Отчитувањата на километражата варираат во голема мера – од лошо возената Honda S2000 од 2004 година со 4.230 километри до Supera од 1994 година со речиси 200.000 километри. Аукциската куќа бара депозит од 5.000 американски долари. Сите финални плаќања мора да се направат со готовина или банкарски трансфер.