Проблеми за BMW. Следува отповик за новиот М5!
Уште еден доказ дека вакви проблеми не им се случуваат само на производителите на автомобили за широките маси
Поради проблеми со пумпата за гориво, BMW ќе мора да отповика голем број M5 модели од најновата генерација пласирани на американскиот пазар
Според извештајот на NHTSA, баварскиот производител на 846 сопственици на М5 од новата генерација ќе треба да им упати повик за сервисирање, бидејќи веќе за кратко време по купувањето кај еден дел од нив проблемот веќе е присустен.
Решението на проблемот вклучува ажурирање на софтверот на управувачката единица на агрегатот, што сепак и не е толку комплицирано.
Овој проблем со последната генерација BMW M5 се однесува на автомобили направени во периодот од 21 август 2017 година (самиот почеток на производството) до 17 април 2018 година.
Баварскиот производител, паралелно со ова, исто така најави дека привремен прекин на продажбата на сите М5 возила на лагер произведени во наведениот временски интервал.
Покрај повлекувањето поради сервис на овој модел, BMW објави и отповик за 6.591 примероци од моделот 335d, кои се произведени во периодот од 2010 до 2011 година. Кај овој модел проблемот е поврзан со управувањето.