Проблеми во најава: со стандардот за емисија Euro 7, рачните менувачи би можеле да исчезнат!
Со цел прецизно менување на степенот на пренос и оптимизација на потрошувачката, автоматските менувачи би биле нужна потреба во сите автомобили
Европската унија го најави строгиот емисионен стандард Еuro 7, кој може да почне да важи од 2025 година, а според него нивото на емисија на азотни оксиди од автомобилските мотори треба да падне на 30 милиграми на километар, што е на ниво на статистичка грешка, односно мерните уреди и не се толку прецизни за да може да измерат такво ниво на загадување на воздухот. Од јануари 2021 година, со стандардот Euro 6d, границата е поставена на помалку од 80 mg/km како за лабораториски услови на тестирање така и во реални услови. Исклучена е границата за можна грешка на уредот од 34,4 mg/km. Со тоа станува јасно колку е всушност ригорозна нормата Euro 7.
За повеќето производители на автомобили, ова е катастрофа, бидејќи во тој случај би било тешко да се одржи производството на автомобили со класични бензински и дизел мотори. Проблематични се дури и 48-волтните хибриди.
Друг проблем е тоа што автомобилите кои и онака веќе многу поскапеа, со новата норма веројатно ќе поскапат уште по драматично. Голема жртва може да биде и мануелниот менувач, бидејќи според неименуван инженер на Volkswagen, Со цел прецизно менување на степенот на пренос и оптимизација на потрошувачката (и емисијата на штетни гасови), автоматските менувачи би биле нужна потреба во сите автомобили. Инженерот вели дека во тој случај автомобилите би се однесувале како да се на терапија со апчиња за спиење и дека се она што е интересно кај автомобилите ќе исчезне!