Проблем во најава: нема доволно механичари за електрични возила
Првата криза се очекува во 2020 година
Во најскоро време автомобилската индустрија или попрецизно електричниот сегмент и делот посветен на постпродажното осбслужвање, ќе почувствува акутен недостаток на квалификувани кадри, кои ќе ги сервисираат електрични.
Ова е заклучок од истражување спроведено во Велика Британија, кое покажало дека само 3% од механичарите кои работат како сервисери на Островот, се обучени за работа и со електричните автомобили. За инженерите, ситуацијата не е толку драматична, но има недостиг. Се претпоставува дека ситуацијата е слична и во повеќето земји во Западна Европа и Северна Америка, а за Источна Европа се уште нема податоци.
Сепак, за овој дел од континентот неодамна се појави информација од претставништвата на големите автомобилски компании како Renault и Volkswagen, кои најавија дека редовно спроведуваат обука за својот технички персонал за да може да работи и со електрични возила.
Истражувањето во Велика Британија покажало дека главниот град Лондон е единствениот град кој одговара на барањата за целосна употреба на голем број електромобили – од инфраструктура до сервиси кои ги опслужуваат.
Се очекува дека до 2020 година бројката на електромобили и plug-in хибриди на британските патишта ќе надмине 1 милион, а тогаш ќе дојде и првата криза за обучени кадри, како и за станици за полнење. Во моментов во Велика Британија има само 18.000 места за полнење распределени на 6500 станици.