Притисок во гумите: Доколку е можно, измерете го кога гумите се ладни!
Ако автомобилот сте го возеле долго време и планирате да го проверите притисокот во гумите, најдобро е прво да го оставите да мирува повеќе од два часа за да се изладат гумите
За важноста на автомобилските гуми не треба многу да се зборува. На крајот на краиштата, тие се единствениот дел од возилото кои имаат контакт со патот и значително влијаат на перформансите. Затоа, советот е еднаш месечно да го проверувате притисокот во гумите, дури и ако ви се чини дека се е во ред со нив преку визуелна проверка.
Друг важен совет е – проверете го притисокот во гумите кога истите се ладни, ако е можно на вашиот паркинг или гаража. Со загревање се зголемува притисокот во гумите, па сигурно нема да ја добиете правилната вредност.
Ако автомобилот сте го возеле долго време и планирате да го проверите притисокот во гумите, најдобро е прво да го оставите да мирува повеќе од два часа за да се изладат гумите. Секако, многумина притисокот во гумите го мерат на бензинска пумпа, па затоа направете го тоа што е можно поскоро по тргнувањето со возилото и по умерено возење. Проценката е дека гумите се загреваат до работна температура во првите десет километри.
Фабрички препорачаните вредности за притисокот во гумите можете да ги најдете на вратата од автомобилот или во упатството за сопственикот на возилото.