Пристоен електричен автомобил за 8.000 евра? Има / ВИДЕО
Еден од недостатоците на модерните електрични модели е што тие се уште се премногу скапи, дури и кога станува збор за мали урбани модели
Сепак ова неможе да се генерализира односно неможе да се каже за кинеските електрични возила, кои се значително поевтини од еквивалентните европски. Сепак, се поставува прашањето дали нивната ниска цена е последица на компромис со квалитетот.
Факт е дека производството на електрични модели последниве неколку години цвета во Кина, а некои од моделите пристигнаа и во Европа.
Моделот Baojun E300 за сега го нема во Европа, но овој мал градски електричен автомобил дефинитивно заслужува внимание.
Станува збор за автомобил на заедничка компанија од три производители SAIC, General Motors и Wuling.
Се произведува во две верзии – пократка од 2,62 метри, и подолга од 2,9 метри. Цената на помалото возило започнува од 8.200 евра, а на поголемо од 10.700 евра.
Автономијата при возење со полна батерија според NEDC стандардот е до 305 км, а во реалност е нешто помалку.
Погонот користи електромотор од 56 КС (40 kW), а моќноста се пренесува на задните тркала. Максималната брзина е 100 km/h, што е сосема доволно за градски услови на возење, па дури и за пократки патувања на отворено.