Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, на својот Facebook профил објави интересно видео од неговата официјална посета на Република Хрватска

„Имав чест по вечерата кај претседателот Милановиќ, со еден од гостите, #MateRimac, основачот на Rimac Automobili, да свртиме круг со најбрзиот супер спортски автомобил на електричен погон, моделот #Nevera. Му посакувам деловен успех со најновата аквизиција на еден од најпознатите светски брендови“, напиша Пендаровски.

Веруваме дека уживал во кругот со гордоста на Хрватска, па и на Балканот, сериската верзија на концептот C_Two, сега Nevera, име добиено по ненадејната и силна медитеранска бура.