Семејството Шумахер веќе го одобри официјалниот документарен филм за животот и кариерата на Михаел Шумахер.

 

„SCHUMACHER“ треба да се емитува на 15 септември на Netflix, а еве што за филмот се знае досега.

Датумот на премиерата одбележува 30 години од дебито на легендарниот Германец во Formula 1, на трката за Големата награда на Белгија. Сепак, филмот ќе следи кариерата на Шумахер од самиот почеток, кога живеел во Керпен и бил картинг ѕвезда во подем. Гледачите ќе добијат преглед на кариерата на еден од најдобрите Formula 1 возачи на сите времиња. Многумина го сметаат за најдобар.

Креаторите на филмот ветуваат приказна која гледачите ќе ги приближи до сложената личност на седумкратниот светски шампион, која вклучува интервјуа со децата на Мајкл, Мик и Џина, како и неговата сопруга Корина. Според Сабина Кем, долгогодишната портпаролка на Михаел, овој филм е семеен подарок за нејзиниот сакан сопруг и татко.

Се разбира, како и во приказната за Аиртон Сена, гледачите ќе можат да видат интервјуа со најголемите ривали на Шумахер, како и некои други важни имиња од Formula 1. Ќе може да се видат Ралф Шумахер, Жан Тод, Лука ди Монтеземоло, Берни Еклстон, како и Дејвид Култхард, Себастијан Фетел и Мика Хакинен.

Финецот успеа да му „украде“ на Шумахер дури две титули, за време на неговото владеење во „најбрзиот циркус во светот“. Останатите две отидоа кај Дејмон Хил во 1996 година и Жак Вилнев во 1997. Михаел Шумахер и понатаму е рекордер со пет последователни титули.

Филмот за Шумахер го режирале Ханс-Бруно Камертенс, Ванеса Некер и Михаел Вех, кои исто така се сценаристи, додека Бенџамин Сејкл и Ванеса Некер се продуценти. Последните две имиња се одговорни и за документарниот филм за германската тениска легенда, Борис Бекер.