Премиера за сосема новиот Nissan Qashqai! / ФОТО+ВИДЕО
Третата генерација веќе не нуди дизел мотори, а како алтернатива доаѓаат благи хибридни верзии со актуелниот турбобензинец
Три милиони примероци продадени во Европа и вкупно пет милиони ширум светот. Убава бројка за претходните генерации на Nissan Qashqai, мега популарниот SUV од компактната класа. Одлични бројки и историја, но тоа поставува и големи очекувања од новата генерација.
Qashqai ја задржува препознатливата идеја и линии на претходниот модел, но со почисти линии, по некој детал изведен како варијација на тема од Juke и потписот на Nissan со маска во карактеристична V-форма. Доза на модернизам даваат детали како што се саморегулирачките, паметни LED светла Matrix светла, 11 бои на каросеријата, пет двобојни комбинации и бандажи кои достигнуваат до 20 инчи како стандард.
Првиот впечаток откако ќе го видите моделот е дека станува збор за поголемо возило, што е навистина така. Новата генерација е подолга за 3,5 сантиметри (4,425 m), поширока за 3,2 сантиметри (1.838 m), повисока за еден сантиметар (1.635 m), а за не само визуелно поголем модел допринесува и поголемата платформа Renault-Nissan CMF-C, два сантиметри повеќе меѓуосовинско растојание.
Како резултат на овие бројки е 3 cm повеќе простор за колената на патниците на задната клупа (максимум 61 cm), 1,5 cm повеќе простор за главите и значително повеќе простор на предните седишта, каде што луѓето со височина од два метра исто така ќе имаат удобна положба. Задниот пар врати се отвора до 85 степени, што во голема мера го олеснува пристапот до задното седиште, а особено поставувањето на децата на седиштето.
За 50 литри пораснал и багажниот простор (480 литри). Полесно ќе му се пристапува бидејќи прагот на влезот е намален за два инчи. За изработка на конструкцијата на каросеријата се користат повеќе алуминиумски легури, па така четириte странични врати, браниците и покривот носат вкупна заштеда од 21 килограм. Петтата врата сега е изработена од композитни материјали и е полесна за 2,6 килограми, а самата платформа покажува 60 килограми помалку од претходната.
Внатрешноста исто така може да се пофали со забележително подобри материјали, вклучувајќи nappa кожа, генерално поскапa визуелнa и сензитивна атмосфера, но исто така и хедонистички елементи на опрема како што се седишта со масажа или концертен систем Bose Premium со 10 звучници.
Дигитализацијата, исто така, силно тропна на вратите на Qashqai. Голема 12,3-инчнадигитална инструмент табла, напредна мултимедија со 9-инчен 3D екран, иновативен и најголем во-класата head-up дисплеј од 10,8-инчи, интересни анимации и безжично мобилно полнење се дел од новиот амбиент придружен од апликација за паметен телефон со која ќе може да се контролираат секундарните функции. Понатаму, безбедносниот систем ProPilot добива врска со навигацијата и побрзо и попрецизно открива вистински и потенцијално опасни настани пред и околу автомобилот. Системот доаѓа во верзии со автоматски менувач.
Една од значајните новини ќе биде електрификација на погонот, во смисла на 12-волтна блага хибридна верзија на познатиот 1.3 турбобензинец познат со ознаката DIG-T (Direct Injection Gasoline-Turbo), надграден во 50 компоненти. Лесната хибридизација не влијае на промената на номиналната моќност, која се одржува на 140 и 158 КС со вртежен момент од 240 и 260 Nm, но ќе има позитивни ефекти врз намалувањето на потрошувачката и ќе има функција да дава дополнителен моментум на моќност и вртежен момент при забрзување. Основниот мотор има погон на предни тркала и шестбрзински мануелен менувач, исто така помоќен, а како опција доаѓа и погон на четири тркала 4×4 и автоматска трансмисија X-tronic од новата генерација (CVT). Со автоматикот вртежен момент се зголемува на 270 Nm.
Хибридниот систем носи 22 килограми во тежина. Најавена е и интересна хибридна верзија e-Power со несекојдневен принцип на работа e-Power, во кој 1.5 бензинскиот турбомотор има секундарна функција во однос на електромоторот. Вкупната моќност е 190 КС, но приказната е нешто обратна во споредба со класичните хибриди. Бензинот во основа не се користи за погон, туку првенствено за полнење на моќна батерија и пренос на енергија на електромоторот кој ги придвижува тркалата, така што возењето е многу слично на возење електричен автомобил.
Qashqai добива и систем за сопирање e-Pedal (со една педал), познат од електричниот Leaf. Со новата платформа, основата за поцелосно возачко искуство ќе биде темелна доработка на попрецизно и флексибилно работење на воланот, но и филигрански подесена суспензија, кој позади останува полу-крута во стандардните верзии, додека 4×4 и врвните модели со стандардни 20-инчни тркала одат на мултилинк.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1GqTRe8HfQ0luq6Efy6jig93CyNGWIHzP” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цените сè уште не се познати.