Премиера за рестилизираната Ford Fiesta / ФОТО+ВИДЕО
Американскиот хечбек наменет за европските клиенти е детално ажуриран
Со ова освежување, Ford ќе се обиде да ја поттикне продажбата на Fiesta во Европа, која е далеку од нивото пред пет или шест години. Дури и во Британија, каде што овој модел беше бестселер низа години, но сосема е сигурно дека ќе ја загуби таа титула оваа година.
Сето тоа беше добар знак за Американците да реагираат, и по четиригодишна кариера, хечбекот од „В“ сегментот добива темелно рестилизирање.
Освежувањето е фокусирано на неколку сегменти на возилото, а пред се на дизајнот. Fiesta стилски е „усогласена“ со ривалите од Франција, пред се Renault Clio и Peugeot 208, кои изгледа многу попривлечно во споредба со американскиот модел.
Повеќето визуелни промени се на предниот дел од возилото. Покрај новиот браник, поголемата решетка и променетите светлосни групи, поместен е знакот „Ford“, кој сега се наоѓа на решетката на ладилникот. Светлата се изведени во LED технологија, а Matrix LED светилките се опционално достапни. На задната страна и профилно, промените се навистина минимални. Ford ќе понуди седум нови дизајни за фелните од 17 и 18 инчи, како и две нови бои наречени Boundless Blue и Beautiful Berry.
Промените се разбира има и во салонот. Fiesta сега може да смета на поголема дигитална инструмент табла (дијагонала од 12,3 инчи), а тука е и новиот мултимедијален систем Sync 3.
Ако надворешно и во салонот рестилизацијата дефинитивно е темелна, кога станува збор за моторната гама промени нема. Воведната единица е 1.1-литарскиот бензинец со 75 КС, а има и 1.0-литарски FlexiFuel мотор кој нуди 95 „коњски сили“. Турбо погонската единица Ecoboost ја формира главната оска во гамата на мотори за Fiesta и останува достапна со 125 и 155 КС.
Можеби изненадувачки, помоќната варијанта со 155 глави е спарена само со мануелен менувач, додека послабата верзија од 125 КС може да се добие и со автоматски менувач.
Ford нема намера да се откаже од таканаречениот hot hatch сегмент, па Fiesta ST останува на пазарот. Сосема е уникатно што овој моќен хечбек останува достапен и во верзија со три врати, покрај верзијата со пет врати. Fiesta ST се уште користи 1.5-литарски 3-цилиндерски EcoBoost мотор, кој сега има поголем максимален вртежен момент – 320 Nm, или 30 Nm повеќе од порано, додека моќта останува иста – 200 КС.