Премиера за Porsche Vision Gran Turismo, дигитален концепт дизајниран за Gran Turismo 7 / ФОТО+ВИДЕО
Освен што е наведено дека се работи за целосно електричен автомобил, Porsche не даде никакви детали за спецификациите
Porsche Vision Gran Turismo е виртуелен тркачки концепт дизајниран за новиот Gran Turismo 7 кој Polyphony Digital ќе го лансира на 4 март следната година за конзолите за игри PlayStation 4 и PlayStation 5. Иако концептот на Porsche е само за дигиталниот свет, компанијата создала прототип со целосен обем и навести дека неговиот дизајн го покажува патот за идните електрични спортски автомобили.
Porsche во Gran Turismo се појавува од 2017 година со неколку свои сериски модели. Ова е првпат компанијата од Цуфенхаузен да креира автомобил исклучиво за играта, по примерот на другите производители како Mercedes, McLaren, Lamborghini и Jaguar.
Повеќето концепти во Vision Gran Turismo изгледаат како суперавтомобили од далечната иднина, вклучувајќи екстремни стилски детали. Изгледот на Porsche ја има таа дизајнерска драма на виртуелен тркачки автомобил, но на многу посуптилен начин.
„Porsche Vision Gran Turismo е повеќе од само фантазија. Тоа е реален поглед на иднината што секако ќе ни помогне да се развиваме во годините што следат“, вели Питер Варга, директор за надворешен дизајн во Porsche.
Иако Porsche можел да искористи еден од своите неколку концепти во стилот на хиперавтомобили од серијата Porsche Unseen на прекрасниот 919 Street, тие решиле да создадат нешто сосема ново. Vision GT е создаден од тим дизајнери кои пораснале играјќи ја познатата игра на конзолата PlayStation. Нивната цел биле да направат нешто мало, лесно и ефикасно, покажувајќи се што е можно со најновата технологија и електричен погон.
Пропорциите на концептот се доста екстремни, потсетувајќи нè на суперавтомобилите со среден мотор, но со ултра низок профил овозможен поради отсуството на мотор со внатрешно согорување. Направен е од карбонски влакна и титан, а благодарение на испакнатите браници и јако обликуваното тело, Vision GT е веднаш препознатлив како Porsche.
Длабоките засеци зад огромните тркала се слични на Mission R, иако многу подраматични. Vision GT, исто така, позајмува некои од дизајнерските детали кои се наоѓаат на тековните сериски модели, како четириделната LED графика на ниско поставените предни светла и LED задните светла со целосна ширина под прилагодливиот заден спојлер.
Во кабината со две седишта, можеме да видиме ниска положба на седење, тенка централна конзола, тапацир направен исклучиво од вегански материјали и транспарентна инструмент табла која користи head-up технологија. Во Gran Turismo 7 Vision GT добива уште пофутуристички инструменти во стилот на холограми.
Освен што од Porsche велат дека станува збор за целосно електричен автомобил, Porsche не дава никакви детали за спецификациите. Можеби ќе се добијат кога играта и официјално ќе биде лансирана.
[useyourdrive dir=”1XsRq9Ya_ta7rS2HNjRXl_uA55pVsuAWH” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]