Германскиот бренд го зголемува портфолио на адутот од Д-сегментот со варијантата All-Terrain

Така и C-класата доби верзија кадарна за полесна теренска употреба. Главните карактеристики се исти како и кај поголемата Е-класа во издание All-Terrain. Ова првенствено се однесува на повисокото растојание од подот (+40 mm во споредба со стандардниот караван С-класа), пластична заштита на подвозјето, напред и назад, како и облога од ист материјал на лаковите над тркалата.

Сите овие промени довеле до мало зголемување на габаритот, така што варијантата All-Terrain е 4 mm подолга од обичниот караван, но и 21 mm поширока. Презентираната „off-road“ C-класа добила поинаков изглед на решетката, како и нови тркала од 17 до 19 инчи.

Црните детали со висок сјај се интересни, особено на столбовите Б и Ц. Мерцедес нуди опционален Night (ноќен) пакет кој додава повеќе вакви сјајни финеси.

Германскиот производител посветил особено внимание на суспензијата и тримувањето на истата за употреба надвор од асфалтот. Се нудат и нови режими на возење – Offroad и Offroad +, наменети за експлоатација на возилото на патишта во „дивината“.

Се разбира, C-Class All-Terrain доаѓа со погон на сите тркала 4Matic. Mercedes наведува дека овој систем може да испрати до 45% од моќноста на предната оска, додека остатокот мора да оди „позади“. Под хаубата може да се најде еден од двата понудени мотори: бензин или дизел со иста зафатнина од два литра.

Германците не открија детали за единиците, очигледно сакаа да сочуваат дел од информациите за претстојниот саем за автомобили во Минхен, каде што С-класата во издание All-Terrain ќе ја има својата премиера. Она што мора да се напомене е дека двата погонски системи имаат помош од благ хибриден систем, како и дека и двата се спарени со 9-степен автоматски менувач.

Некои работи останале практично непроменети од стандардниот караван. На пример, багажникот е со иста големина и има волумен од 490 литри. Слично е и со кабината, каде што два дисплеи поставени пред возачот, односно втората генерација MBUX систем.

Нормално, едниот екран претставува дигитална инструмент табла, додека другиот се користи за контрола на инфо-забавниот систем. Прес-службата на Mercedes наведува дека стандардните дисплеи имаат дијагонала од 10,25 инчи, но дека се нудат и такви од 12,3 инчи.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1LEU-KODTE7HTJ_7mob8nK9yscfMvt-AI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Моделот C-Class All-Terrain ќе биде модел наменет исклучиво за Европјаните, најверојатно нема да стигне до Америка, згора на тоа, нема да го премине ниту Ламанш…