Премиера за два специјални Aston Martin 007 модели / ФОТО ГАЛЕРИЈА
Јубилејниот 25-ти филм од франшизата за Џејмс Бонд, со наслов No Time to Die, доаѓа во кината во ноември, а нешто подоцна на патиштата ќе пристигнат и специјалните модели подготвени од Q одделот на Aston Martin по тој повод
Aston Martin и Џејмс Бонд се нераскинлива врска, а почнувајќи од DB5, сите филмски Aston Martin модели се вистински легенди. Во Aston Martin, по повод јубилејот се решиле да претстават два специјални модели кои ќе ја надополнат 007 гамата.
Во неа ќе влезат два модела во ограничено издание, Vantage и DBS Superleggerа, кои веќе се достапни за нарачка. Среќниците кои ќе бидат избрани за испорака на својот автомобил ќе треба да почекаат до почетокот на следната година.
Aston Martin Vantage 007 Edition е инспириран од класичниот Aston Martin V8, кој се појави во филмот The Living Daylights од 1987 година, а своја улога и има и во новиот филм од франшизата. Екстериерот е акцентиран со посебни детали и посебна нијанса на Camberland сива боја, ретро решетка на ладилникот, додека ентериерот е тапациран со црна кожа, дополнет со темни хромирани додатоци со 007 брендинг, а на штитниците за сонце ќе се најдат бројките 96,60 кои претставуваат френкфенцијата која Бонд ја користеше во легендарната сцена со бегство во The Living Daylights … Автомобилот доаѓа и со два специјални додатоци, ски-носач и скии инспирирани од веќе споменатиот филм од 1987 година. Почетната цена е 161.000 британски фунти.
DBS Superleggera е ограничен на само 25 примероци. И овој модел добил уникатна Ceramic сива боја, детали решени со карбон, како и уникатни 21-инчни тркала. Под хаубата се наоѓа 5.2 V12 со 715 КС и 900 Nm. Почетната цена е 279.025 британски фунти.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1Rhu2mYEmOiy9MOEhTEq1U6dzGKZ6vfGn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]