Премиера: Porsche Cayenne Turbo GT / ФОТО+ВИДЕО
Porsche претстави „супер автомобил во SUV каросериска изведба“
Минатата недела Cayenne Turbo GT постави нов рекорд за SUV возила со погон на четири тркала на патеката Нирнбургринг, што многу зборува за потентноста и динамиката на возење на новитетот. Turbo GT е достапен само за Cayenne Coupe изведбата, што претставува желба на Porsche да им се додворува на клиентите на вакви возила со високи перформанси.
Новиот теренец на германската премиум марка користи 4.0-литарски твин-турбо V8 мотор, кој во овој случај испорачува големи 631 КС и 849 Nm. Од Porsche наведуваат дека оваа погонска единица добила неколку нови делови, вклучително коленесто вратило и клипови. Моќноста до тркалата се пренесува преку осумстепен автоматски менувач.
Преведено во перформанси, Cayenne Turbo GT е во можност до „стотка“ да забрза за само 3,3 секунди, додека 400 метри „прелетува“ за само 11,6 секунди. Максималната брзина е голема 299 km/h.
Од Porsche наведуваат дека посветиле особено внимание на суспензијата (воздушна), за автомобилот да го даде својот максимум на тркачка патека.
Новиот теренец користи 22-инчни тркала, кои се за еден инч пошироки на предниот дел од возилото. Во фабричко издание доаѓа со гуми Pirelli P Zero Corsa, а како стандардна опрема се наведени и керамички сопирачки.
Cayenne Turbo GT се разликува од матичното Coupe по малку поинаквото лице со малку поголеми отвори за воздух, додека во задниот дел доминира големиот спојлер на покривот, како и импресивниот дифузер.
Сè што е во кабината е во сегашниот стил на Porsche, со максимум четири патници во овој модел, а во задниот дел има две одделни седишта наместо класична клупа.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1Vkm8Ejhmn4Zovc29-s54ZhJRXNzY-a9X” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Нарачки за новиот Porsche Cayenne Turbo GT веќе се примаат.