Јапонскиот бренд тврди дека со Ariya доаѓа нова ера за електричните автомобили

Вториот EV на овој бренд, по моделот Leaf кој се смета за прв, на пазарот треба да се појави следната година. Покрај радикалниот и необичен стил, Ariyа го красат и голем број други атрибути. Како главни ривали, Јапонците ги гледаат сегашната Tesla Model Y и претстојниот VW ID.4.

Електричниот SUV е исто така првиот модел на Nissan со новата дизајнерска насока на брендот. Јапонскиот бренд го опишува како едноставен и елегантен, и нема сомнение дека е уникатен во моментот. Она што е поважно од самиот изглед е фактот дека Ariyа е првиот модел што е монтиран на платформата CMF-EV развиена специјално за електрични возила од алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi.

Споменатата архитектура претставува ново поглавје за сите брендови во француско-јапонскиот автомобилски сојуз, а се очекува во наредните години да се користи како основа за серија модели на струја.

За да може Ariya да биде достапна за што поголем број клиенти, Nissan ќе понуди дури пет варијанти, кои ќе се разликуваат во капацитетот на батеријата, бројот и моќноста на електромоторите. Така, воведната варијанта на Ariya е модел со еден електромотор и погон на задните тркала, кој има 218 КС и батерија со капацитет од 63 kWh. Автономијата фабрички е декларирана на 356 километри.

Следната верзија во линијата користи погон на задните тркала, но има батерија од 87 kWh, додека електромоторот испорачува 242 КС. Автономијата на движење на овој модел е скоро 500 километри!

Доколку некој сака подобри перформанси од споменатите, Nissan ја нуди Ariya со погон на сите тркала, но и со два електромотори. Така, Ariya со батерија од 63 kWh и две електро единици ќе има 278 КС, додека автономијата е 338 километри. Во верзијата чија батерија има капацитет од 87 kWh, достапни се 306 „коњи“, а автономијата на движење е 456 километри.

Врв во понудата ќе биде моделот e-4orce Performance, кој исто така има батерија од 87 kWh, но има вкупно 394 КС, додека автономијата е ограничена на нешто помалку од 400 км. Оваа варијaнта е во можност до 100 km/h да забрза за 5,1 секунди.

Ariya е долга 4.595 mm, широка 1.850 mm, висока 1.660 mm, со меѓуоскино растојание од 2.775 mm. Тежината на возилото зависи од варијантата, а се движи од 1,8 до 2,3 тони.

Во салонот на новиот електричен SUV на Nissan вистински минимализам. Скоро сите физички прекинувачи и копчињата се тргнати, а на нивно место се екраните на допир, команди кои препознаваат гестови со рацете и гласовна контрола. Секако, аналогните инструменти се нешто од минатото, така што пред возачот има два 12.3-инчни дисплеи, од кои едниот ја има улогата на инструмент табла, додека другиот се користи за контрола на инфо-забавниот систем.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1TUcR_yMee96U3UDbEYzDjR4oXSyqdQ3F” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Nissan првобитно Ariya ја претстави за за јапонскиот пазар, но се чини дека европската варијaнта ќе биде идентична со прикажаното. Продажбата секако најпрво ќе започне во Јапонија, кон средината на следната година, а до крајот на следната година, овој електричен теренец треба да пристигне и во Европа.