Еден од најголемите и најважните автомобилски салони во Европа и светот со сегашниот формат неможе да опстане

Веќе неколку години наназад е повеќе од јасно дека големите традиционални европски автомобилски салони се во криза. Во последните неколку години, бројот на автомобилски марки кои се решаваат да отсуствуваат од овие настани постојано се зголемува.

Така, оваа година значителен број на големи имиња од автомобилската индустрија, околу 20 од нив, меѓу кои и Toyota, Nissan, Peugeot, Fiat Chrysler Automobiles, Volvo и други, решија да не се појават во Франкфурт, додека некои германски производители, без чие учество секако е незамислив овој настан настапија со редуциран буџет за промоција и простор.

BMW, на пример, настапи со намален буџет, но исто така го намали и својот изложбен салон за околу две третини во однос на претходните години. Дел од парите скратени за овој настан, баварскиот производител веќе ги инвестираше во настанот NextGen, кој го одржа во јули во неговото седиште во Минхен. На овој настан компанијата ја претстави визијата за иднината од BMW преку футуристички и електрични концепти и модели.

Истото се однесува и на Daimler, кој е сопственик на марката Mercedes, а кој на Салонот во Франкфурт настапи со 30% помал буџет споредено со претходните години.

Иако во Франкфурт го изложи својот прв електричен модел Taycan, Porsche својот автомобил на светската јавност и го покажа уште претходната седмица, наместо тоа за првпат да го стори под куполите на саемот.

Германски Handelsblatt известува дека во светло на неодамнешните настани, претставници на бројни автомобилски компании, како и на германското здружение на производители на автомобили, треба да одржат состанок на кој ќе разговараат за иднината на Саемот за автомобили во Франкфурт. Истиот извор наведува дека бројот на изложувачи на годинашниот саем е намален за 20%, а изложбениот простор за 16%.

Едед од предлозите е Салонот за автомобили во Франкфурт во иднина да се трансформира во поевтин настан за изложувачите, а се споменува и можност за промена на локацијата од Messe Frankfurt, каде што во моментот се одржува, на некоја друга локација.