Последното Audi A4 на фосилни горива доаѓа наскоро
Потсетување дека Audi се обврза наскоро да се префрли на електрична енергија.
неофицијален рендер
А тоа значи дека сите популарни модели кои опстојуваат по овој период на транзиција ќе бидат достапни исклучиво преку електрични изведби. Дотогаш имаме уште еден чекор пред нас, барем кога станува збор за Audi A4.
Новиот А4 доаѓа следната година и ќе биде последниот модел достапен со класични мотори на фосилни горива. Најдобрата вест е што не станува никаков кросовер, туку го задржува класичниот концепт. Се подготвува и караван верзија.
Најголемата вест може да биде дека Audi не оди во насока на другите, особено на BMW. Имено, предната решетка сега би можела да биде уште помала од сегашната генерација, а рабните позиции ќе добијат уште потенки светла. Назад може да се очекувате препознатливиот потпис на Audi со растегнати светла и променлива графика.
неофицијален рендер
Поставен на платформата MLB, A4 ќе биде последниот од ваков вид што ќе „пие“ фосилни горива. Се подразбира 48V форма на благ хибрид, како и plug-in хибрид. Доволно за опстанок заедно со моделот А6 до крајот на деценијата. Да потсетиме, последниот модел со бензински или дизел мотор на Audi доаѓа во 2025 година, а од 2026 година ќе се нудат исклучиво електрични модели.