Последен од ваков вид: Ова е новата Pagani Huayra NC, хиперавтомобил со 819 КС / ФОТО
Huayrа NC се придвижува со доработен 6.0-литарски V12 со два AMG турбо полначи кој може да се пронајде во другите Huayra модели за регуларен пат
Pagani наскоро ќе го претстави својот сосема нов хиперавтомобил, но тоа не значи дека приказната со Huayra е завршена. Всушност, италијанскиот производител на автомобили штотуку ја претстави новата еднократна варијанта на Huayra наречена NC.
Сопственикот на оваа препознатлива Huayra одлучил на надворешниот изглед да му даде завршница со комбинација од сини карбонски влакна, традиционални сјајни карбонски влакна и разни обоени црвени и бели делови.
Повеќето од панелите на каросеријата се направени со прекрасен син карбон, вклучувајќи ги предните делови, вратите, задните делови и поголемиот дел од задната преклопна плоча. Што се однесува до традиционалните нијанси на сивите карбонски влакна, тие може да се најдат на хаубата, страничните прагови, задната решетка и капаците на задните светла.
Се чини дека Huayra NC се базира на Huayra BC Roadster и затоа има корист од истата уникатна хауба заедно со големите потпирачи зад потпирачот за глава. Сепак, за разлика од стандардниот BC Roadster, NC има и истакната лопатка на покривот, многу слично на она што се наоѓа на Huayra Imola.
Во кабината продолжува истата тема на бои која комбинира сина, црвена, бела и завршница од карбонски влакна. Големи делови од внатрешноста се обложени со кралско сина алкантара, вклучувајќи ги седиштата, потпирачите за глава и А-столбовите.
Другите внатрешни површини имаат црна алкантара со црвени контрастни шевови, а тука е и синото копче за менувачот од карбонски влакна.
Huayrа NC се придвижува со доработен 6.0-литарски V12 со два AMG турбо полначи кој може да се пронајде во другите Huayra модели за регуларен пат, иако е изменет за да испорачува 819 КС и 1.079 Nm вртежен момент. За да се добие поширока слика, „стандардниот“ BC Roadster е способен за 791 КС и 1049 Nm. Моќта се пренесува преку седумстепен секвенцијален менувач на задните тркала обвиткани во гуми Pirella Trofeo R.