Посебен сообраќаен режим в недела поради „Скопскиот маратон“
В недела, 4 октомври, со почеток во 8.30 часот, во организација на Сојузот на спортовите на Скопје, ќе се одржи спортска манифестација „Визер – Скопски маратон 2020“, со следната траса на трчање: се стартува од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ по улицата Бледски договор, десно по булеварот Илинден, лево по улицата Љубљанска, па право по улицата Московска, десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по улицаат Митрополит Теодосиј Гологанов, потоа право по улицата Димитрие Чуповски, право по улицата 11 Октомври, па лево по булеварот Крушевска Република, десно по булеварот Трета македонска бригада, лево по улицата Фрањо Клуз, па десно по булеварот Јане Сандански до крајот, пред крстосницата со булеварот Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента). Трасата на трката продолжува по булеварот Јане Сандански, лево по улицата Фрањо Клуз, па десно по булеварот Трета македонска бригада, лево по булеварот Крушевска Република, потоа десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, па десно по булеварот Св. Климент Охридски, лево по булеварот Илинден до целта – платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје (2 круга).
Од тие причини одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.
Извор: Макфакс