Porsche целосно го прекинува производството!
Porsche е првиот бренд кој целосно ќе го запре производството на сите модели
Поради ескалацијата на конфликтот во Украина, германската автомобилска индустрија е под дополнителни искушенија. По кризата предизвикана од недостигот на полупроводници, новонастанатата ситуација во Украина целосно го наруши снабдувањето со делови.
Посебно е погодена групацијата Volkswagen, која веќе започна со суспензии во производството на одредени делови, вклучително и модели на автомобили, поради недостиг на делови. Не е поштеден ниту Porsche, па овој месец постепено ќе го прекине производството на своите модели, што наскоро би можело да значи целосен прекин на производството.
Рака на срце, веројатно зборуваме за привремен прекин на производството, но тоа секако ќе ги продлабочи проблемите со понудата на автомобили на пазарот. Од друга страна, понатамошната ескалација на конфликтот може да значи подолг прекин на производството, бидејќи во моментов не е познато како би можело да се премостат мостовите за снабдување од подрачјата зафатени од војна.
Според твитот објавен од Калеб Ј. Шроетер, планот за март е следен. Први на удар се Macan и Panamera, чие производство е прекинато уште на 2 март. Еден ден подоцна, прекинато е производството на Taycan, а од 7 март не се произведува ниту Cayenne. Најевтиното Porsche, моделот 718, ќе престане да се произведува на 14 март. Три дена подоцна, треба да биде суспендирано производството на 911 GT3, додека останатите 911-ки ќе бидат во производство до крајот на март.
Овој план го потврдуваат и од Porsche. Нивниот портпарол за магазинот Motor1 потврдува дека производството во фабриката во Лајпциг престанало на 2 март, додека машините во Цуфенхаузен се уште работат. „Во наредните денови и недели работиме на краткорочна основа и постојано ја проценуваме ситуацијата“, се вели во соопштението.
Веста доаѓа само неколку дена откако Porsche објави дека ја прекинува испораката на автомобили во Русија, каде има 26 продажни центри и има годишна продажба од 6.262 автомобили, според податоците за 2021 година.