До премиерата на електричниот Porsche Taycan не делат уште неколку часови, а германскиот производител во пресрет на дебито на својот прв електричен модел, одлучил да изведе интересна атракција за промовирање на перформансите на овој автомобил, особено во однос на забрзувањето и сопирањето

Електричниот седан пристигнал на американскиот носач на авиони USS Hornet чија палуба е долга 265 метри. Планот? Да се забрза до 145 km/h, а потоа да се запре пред за заврши палубата. Сето тоа со една жена зад воланот – професионалниот возач Шеа Холбрук.

Секако, ова е маркетиншки потфат, па затоа е сосема јасно дека Porsche успеал во својата намера, а целиот маневар траел само 10,17 секунди и 222,8 метри писта на палубата.

https://youtu.be/Q1cMy3TxvBw