Првиот одговор од Европа на Model S на Tesla конечно конечно и официјално го здогледа светлото на денот, а тоа е Porsche Taycan. Целосно електричен спортски автомобил со четири врати и моќност до 750 КС, плус неверојатни 1.050 Nm вртежен момент

Првите модели на Taycan кои ќе бидат достапни за купувачите се верзиите Turbo и Turbo S, додека помалку моќните варијанти ќе бидат претставени подоцна оваа година. Во меѓувреме, првиот дериват кој ќе биде додаден во понудата ќе биде Taycan Cross Turismo, кој треба да пристигне кон крајот на следната година.

Дизајнерски, Taycan не можете да го замените со ништо друго освен со Porsche. Се што гледате е чиста Porsche ДНК. Говорејќи за дизајнот, коефициентот на отпо е сведен на само 0,22, што на крајот значително придонесува за ниска потрошувачка на електрична енергија и долга автономија.

Германскиот производител користел централен вмрежен контролен систем за шасијата на Taycan, анализирајќи ги и синхронизирајќи ги сите системи на шасијата во реално време, системи како прилагодлива воздушна суспензија со технологија со три комори  вклучувајќи PASM (Porsche Active Suspension Management), но и опционално Porsche Dynamic Chassis Control Sport (PDCC Sport) односно електромеханички систем за стабилизација на тркалата со Porsche Torque Vectoring Plus (PTV Plus).

Кога е на пат, на возачот му се достапни неколку режими на возење – Normal, Sport, Sport Plus и Range. Дополнително, индивидуалните системи можат да се конфигурираат со помош на индивидуалниот режим.

Перформанси

Сигурно се прашувате колку е брз Taycan и колку далеку може да стигне пред батериите да мора повторно да се полнат. И двата модела, Turbo и Turbo S располагаат со 625 КС, но сличноста завршува тука.

Taycan Turbo на возачот може да му понуди до 680 КС со Overboost, додека Turbo S може да достигне врвни 761 КС. Вториот, исто така, има поголем вртежен момент – 1.050 Nm, во споредба со 850 Nm кај верзијата Turbo. Како резултат на тоа, Turbo до 96 km/h забрзува за 3,0 секунди, додека Turbo S истото го прави за само 2,6 секунди. До 200 km/h, Taycan Turbo стигнува за 10,6 секунди, а Turbo S за 9,8 секунди. Во однос на максималната брзина, и двете верзии се ограничени на максимални 260 km/h.

Моќта на погонскиот систем до сите тркала се испраќа со помош на иновативен двостепен менувач инсталиран на задната оска. Првата брзина се вели дека е фокусирана на забрзувањето, додека втората брзина има долг сооднос за да се обезбеди висока ефикасност и подеднакво високи резерви на моќност.

Литиум-јонската батерија на Taycan од 93,4 kWh теоретски со својата 800 v архитектура до 80% може да се наполни за само 22 и пол минути, а за автономија од 96 км доволни се само 5 минути – сè додека може да најдете и користите полнач од 270 kW.

Според Porsche, Taycan Turbo според WLTP стандардот со едно полнење може да патува максимални 450 километри , додека Turbo S 412 километри.

За ентериерот

Ентериерот на Taycan е јасно фокусиран кон возачот, комбинирајќи ги централниот 10,9-инчен инфо-забавен екран и опционалниот патнички екран за добивање на сите потребни информации.

Пристапот до автомобилските функции е по пат на допир или гласовни команди – автомобилот одговара на командата Hey Porsche.

Што се однесува до димензиите, Taycan е долг 4.963 mm, 1.966 mm широк (2.144 mm со ретровизорите), и има 2.900 mm меѓуоскино растојание. За споредба, Tesla Model S е долг 4.980 mm, 1.964 mm широк и има меѓуоскино растојание од 1.960 mm. Значи, прилично слични по големина.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1rDGQoC9X88RPq_GgnqairqjcPaTYrv_a” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″]

Цена

Да, на крајот и за цената. Не е воопшто тешко да се разбере зошто Turbo S е посупериорен од верзијата Turbo. Токму затоа и чини 187.610 американси долари, наспроти 153.310 за верзијата Turbo (со вклучени давачки).