Porsche Taycan е врвен болид, но…
Данокот на големата моќ некој мора да го плати
Претпоставувате, тоа се батериите. Сепак кога автомобилот е моќен како првото електрично Porsche, автономијата мора да биде малку поскромна.
Environmental Protection Agency (EPA) објави податоци за Taycan во изведба Turbo S, која очекувано, има уште полошо достигнување од турбо изведбата. Потсетување се Turbo изведбата има декларирана автономија од само 201 милји, а Turbo S не може да мине повеќе од 192 милји или само 308 километри. Имајте на ум дека батериите на Porsche имаат респектабилен капацитет од дури 93,4 kWh.
Со направена пресметка за потрошувачка од 68 MPGe, Taycan е најмалку економичен електричен автомобил на американскиот пазар. На пример, Tesla Model S е одличен со 97 MPGe. Сепак, треба да се има на ум дека Taycan е ѕвер од 750 КС чии перформанси се на прво место.