![Porsche продажен салон на 2.300 метри надморска височина / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/02/1685429_cayenne_porsche_pop_up_store_m_ribel_2018_porsche_ag.jpg)
Porsche продажен салон на 2.300 метри надморска височина / ФОТО
Продажниот салон, сместен на 2.300 метри надморска височина, е еден од најнеобичните од вкупно 700 продажни салони на Porsche низ светот
Покрај тоа што е сместен под транспарентна купола на еден планински врв на француските Алпи, неговата специфичност е во тоа што содржи само еден изложбен примерок – Porsche Cayenne.
Овој „салон“ се наоѓа веднаш до ресторанот Рок во зимскиот центар Мерибел, а на потенцијалните купувачи на услуга им е продавач кој ќе одговори на сите прашања во врска со моделите на Porsche кои се во понуда.
Заинтересираните на лице место може да закажат и тест возење, се разбира на друга локација и на неколку километри пониска надморска височина.
Инаку, локацијата каде што се наоѓа ова специфично продажно место често е изложена на температури под -25 целзиусови степени, додека ветришта од 160 km/h воопште не се реткост.
Салонот е отворен во зимскиот период, до средината на април.