Иако се приклучи кон трендот наречен електрификација, германскиот автомобилски бренд Porsche нема намера тоа да го стори и со своите GT модели

Директорот на Porsche AG, Андреас Прунингер, вели дека ни модел како што е Porsche 911 Hybrid, нема да го натера неговиот одделение да започне со електрификација.

„Ова се идеи кои што може да се постигнат со нормални спортски автомобили, но не со GT модели. Ако би морале да ги електрифицираме сите наши тркачки автомобили преку ноќ, тогаш можеби и размислиле за тоа. Сепак, не гледам дека нешто слично ќе се случи во блиска иднина“, вели Прунингер.

Директорот на GT одделот го поздравува потегот на неговата компанија за електрификација, но ја има поддршката од врвот на компанијата да остане верен на конвенционалните погони.

„Многу е важно да се фокусираме на нашите три главни столба. Тоа се хибридите, целосно електрични автомобили и екстремните конвенционални спортски автомобили. Фердинанд Порше еднаш има речено дека последниот автомобил во светот ќе биде спортски автомобил. Јас сум апсолутно сигурен дека тој бил во право. За среќа, членовите на одборот на директори целосно не поддржуваат во нашите планови за верност кон вистинскиот Porsche автомобил, како што е моделот 911“.