Porsche објави тизер со кој најавува нова Panamera, но и видео од рекордниот круг на Нурбургринг, по изјавата дека Panamera Turbo e најбрзиот модел во сегментот Nurburgring Nordschleife 

Во 2013 година Porsche 918 Spyder постави време по круг од 6:57, 911 GT2 RS време од 6:47 во 2017 година, додека Hybrid Evo 919 во 2018 година го комплетираше кругот во за неверојатни 5:19.

Моделот Panamera сега го држи и рекордот за најбрз автомобил од Е сегментот надминувајќи го Mercedes-AMG GT63 S на Нурбургринг на патеката долга 20,6 и 20,83 kilometri. Рекордниот круг е остварен со Panamera Turbo и изнесува 7:29.81.

Со новата Panamera, Porsche ветува поголема моќност од 542 КС и 770 Nm, бројки кои во моментов ги нуди моделот Turbo. Новата верзија ќе ја носи етикетата Turbo S и во гамата ќе се позиционира помеѓу моделот Turbo и најмоќниот модел Turbo S E-Hybrid.