Porsche лансираше луксузни електрични велосипеди
Porsche неодамна го претстави својот нов електричен автомобил Taycan Cross Turismo, а покрај него дебитираа два електрични велосипеди, за кои велат дека се „инспирирани токму од Taycan Cross Turismo“
Е-велосипедите наPorsche имаат рам од јаглеродни влакна со полна суспензија и сопирачки Мagura. Покрај тоа, тие се опремени со слични компоненти, вклучувајќи мотори и системи за менување брзини, произведени од јапонскиот гигант во велосипедската индустрија Shimano.
Од Porsche велат дека велосипедите ги направиле како надополнување на Taycan Cross Turismo, кој има заден носач кој може да собере до три велосипеди.
Првиот модел, наречен Porsche eBike Sport, е дизајниран за улици, може да достигне брзина до 25 km/h и има висококвалитетни компоненти на суспензијата дизајнирани да обезбедат избалансирано возење по асфалт или на кој било друг терен кој не бара премногу теренски квалитети.
Вториот модел, Porsche eBike Cross, е дизајниран за теренско возење и доаѓа со хидраулично прилагодлив носач за брза промена на висината на седиштето.
Во своето соопштение, Porsche не наведува со каков капацитет на батерија доаѓаат нивните електрични велосипеди и колку може да поминат со едно полнење, но затоа секогаш го имате во резерва Taycan Cross Turismo на кој ќе го ставите вашиот велосипед и ќе се одвезете со 300 km/h.
И двата модели ќе се испорачуваат во три големини, а продажбата почнува оваа пролет.
Имајќи предвид дека станува збор за бренд како Porsche, веројатно нема да бидете изненадени премногу од нивните цени – 10.700 долари за eBike Sport, додека eBike Cross ќе ве чини 8.549 долари.