Porsche инвестира 75 милиони долари во е-горива за да ги „спаси“ моторите со внатрешното согорување
Вештачкото гориво „EFuel“ е направено од водород и јаглерод диоксид со користење на енергијата на ветерот и се базира на електрична енергија
Ова можеби не се последните денови на 911 како што го знаеме, бидејќи голем дел од автомобилската индустрија, вклучително и Porsche, се свртува кон електрификација. Сепак, Porsche се надева дека синтетичките горива ќе го одржат жив моторот со внатрешно согорување. Со голема инвестиција од 75 милиони долари во производствениот погон HIF на чилеанскиот производител на eFuel, Porsche добива долгорочен удел.
Вештачкото гориво еFuel е направено од водород и јаглерод диоксид со користење на енергијата на ветерот и се базира на електрична енергија. Производството треба да започне кон средината на оваа година во фабриката во Пунта Аренас, Чиле. Се вели дека еFuel обезбедува „речиси“ јаглерод неутрално гориво за моторите со внатрешно согорување.
Првично, Porsche планира eFuel да користи во своите врвни мотоспорт програми, а како за пример сегашната генерација на GT3 Cup веќе може да работи на синтетички горива. Подоцна, синтетичкото гориво би можело да се користи како почетно фабричко гориво на производителот на автомобили и за стартување на автомобилите во Experience центрите на Porsche низ целиот свет.
Porsche не е единствен кога станува збор за заинтересираност за синтетичките горива. Претходно оваа година, германската влада, исто така, отворено ги оспори сегашните забрани за мотори со внатрешно согорување за 2035 година, велејќи дека „иднината што се состои само од електрични автомобили или автомобили на водород нема смисла“ и дека „на моторите со внатрешно согорување треба да им се дозволи да го поминат тој рок на синтетички горива“.
Со потенцијално давање нов живот на старите Porsche модели со внатрешно согорување, производителот на автомобили вели дека нивното е-гориво би можело да биде вредно за другите транспортни сектори кои допрва треба да најдат добар алтернативен извор на енергија, како што се воздухопловството и поморскиот сообраќај.