Porsche Cayenne Coupe – првa скица
Можеби неочекувано, но во никој случај не случајно, на интернет се најде нова скица од новиот Cayenne во купе издание
Porsche најави дека Cayenne Coupe на пазарот ќе стигне оваа година, а премиерата се очекува во наредниот период. Ако може да се верува на оваа, за сега се уште неофицијална скица, моделот ќе потсетува на поконвенционалниот брат, освен падот на покривот. Porsche веќе посочија дека популарноста на купе кросовер моделите се зголемува, а како главен конкурент го гледаат BMW X6.
Што се однесува до моторизацијата, сè уште нема официјална потврда. Но, треба да се очекува дека SUS агрегатната палета ќе биде префрлена од оригиналниот Cayenne. Покрај тоа, се очекува дека ќе биде достапна и хибридна plug-in верзија, иако сеуште не е јасно која комбинација на електричен мотор и погонска единица ќе се користи.
Најверојатно, новото Porsche нема да го види светлото на денот за поставува нови брзински рекорди, туку пред се целта е да пополни уште една празнина во кросовер портфолиото на брендот. Macan е најпродаваниот автомобил на германскиот бренд, додека Cayenne е на втората позиција.