Porsche 718 Boxster/Cayman GTS за 2018 година
Минатата есен, Porsche ги претстави GTS верзиите на новите Boxster и Cayman дизајнирани за ентузијасти кои уживаат во спортско возење
Почетокот на продажбата на овие модели, производителот од Штутгарт, го означи со нова галерија од фотографии
Porsche 718 Boxster и Cayman GTS се препознаваат веќе на прв поглед со акцентираниот спортски стил на надворешноста – нов преден браник и затемнети фарови, спојлер на задниот дел.
Покрај тоа, GTS моделите се опремени со специјални, црни 20-инчни алуминиумски тркала.
За погон е искористен познатиот 2.5-литарски турбо бензинец со 4-цилиндри од S-верзиите на Boxster и Cayman, но дополнета со 15 КС, па сега испорачува 365 КС (269 kW) и максимален вртежен момент за 10 Nm поголем или 430 Nm.
Купувачите можат да изберат помеѓу стандардниот, шест-брзински мануелен и опционалниот PDК пренос со двојна спојка. Со PDК пренос, и двата модели од 0-100 km/h забрзуваат за 4,1 s, пред да стигнат до максимум од 290 km/h.
Porsche 718 Cayman GTS во Германија чини 76.137 евра, а Boxster GTS има цена од 78.160 евра.