Полицијата во Дубаи си купила нови автомобили во вредност од 55 милиони долари
Полицијата во Дубаи е позната по своите луксузни полициски автомобили. Сега на „ергелата“ додава нови
Полицијата во Дубаи има некои од најдобрите полициски автомобили во светот. Од страна на локалната полиција се користат модели на Lamborghini, Ferrari, Bugatti…, иако најмногу за промоција.
Добавувач на новите полициски автомобили е W Motors од Обединетите Арапски Емирати. Договорот вклучува испорака на 400 возила, а првите 10 се веќе на патиштата. Моделот е наречен Ghiath Smart Patrol и е базиран на Nissan Patrol.
Бидејќи треба да биде модерно полициско возило, внатре има многу електронски уреди. Камерите се најсилната страна. Автомобилот е опремен со систем на камера од 360 степени, но главниот гаџет е сет од осум камери кои треба да следат што се случува околу возилото. Системот за надзор ги идентификува автомобилот, регистарските таблички и лицето на возачот, а поради постојаната брза интернет конекција, полицајците можат да видат кој што направил. За работа се користе екран од 16 инчи.
Сепак, Smart Patrol не е ограничен само на надворешни камери. Внатре има камери кои го следат не само возачот, туку и другите полицајци кои патуваат со автомобил.
Што се однесува до дополнителните гаџети, полициското возило е опремено со Android таблет со постојана врска со диспечерот и дронот.
Повеќе детали нема.