Може да се слушнеме интеракција во која полицаец го прашува мотоциклист зошто го следел и изразува чудење што не успеал да го заобиколи

Наглото сопирање пред некој во сообраќај за да му каже нешто е крајно глупава идеја, особено кога станува збор за голема брзина. Уште ако полицијата фати дека некој го прави ова, очекувано е да биде строго казнет, и тоа со право.

Како и да е, на ова видео тоа го прави токум оној од кој тоа не се очекува, а тоа полицијата. За работите да бидат уште полоши, зад нив стои мотоциклист кој е уште поизложен во сообраќајот.

Снимката е објавена на Hyped Life каналот од Флорида објавена од возач на Yamaha R3. Тој наидува на неозначен полициски автомобил Dodge Charger. Во видеото е покриена брзината на мотоциклистот, па сосема е нормална претпоставката дека возачот ја надминува дозволената брзина, но веројатно не премногу, бидејќи на снимката се гледа дека не вози невнимателно.

Несвесен дека во автомобилот има полицајци, мотоциклистот се приближува и се подготвува за претекнување, пред неговиот инстинкт да му каже да не го прави тоа.

Полицаецот во автомобилот почнува лесно да кочи, по што нагло сопира и потоа продолжува да вози. За среќа, мотоциклистот е доволно далеку и ништо не се случува, но сепак …

Само неколку секунди подоцна, полицаецот ги пали ротационите светла и повторно нагло сопира. Овој пат мотоциклистот удира во задниот дел на полицискиот автомобил. За среќа поминал без сериозни повреди, иако во видеото објаснува дека го боли грбот при долго седење и дека моторциклот бил целосно уништен.

Камерата на мотоциклистот продолжува да снима по судирот, но бидејќи за време на судирот му паднала од глава, не може да се види што се случува. Може да се слушне интеракција во која полицаецот го прашува мотоциклист зошто го следел и изразува чудење што не успеал да го заобиколи.

Јутјуберот, кој бил врзан со лисици на сред автопат, подоцна бил ослободен без обвинение. Тој вели дека не можел да открие дали полицаецот зад воланот на автомобилот е подложен на дисциплинска постапка.