Возачот бил со врзан безбедносен појас, не бил исфрлен од кабината, но останал на своето седиште и ја преживеал несреќата со полесни повреди

Важноста на обезбедување на товарот во возилата и не треба особено да се нагласува, како што покажува овој случај во Кина. Кабината на камионот била буквално отсечена од необезбедена челична плоча која се наоѓала во товарниот дел на возилото по активирање на сопирачките. Видеото е снимено на 14 декември во Hangzhou во провинцијата Zhejiang. Возачот бил со врзан безбедносен појас, не бил исфрлен од кабината, но останал на своето седиште и ја преживеал несреќата со полесни повреди.