Audi веќе објави технички детали и фотографии за новата генерација на својот најмал модел, за сега да можеме и преку видео материјал, да го погледнеме секој детал од овој автомобил

Германскиот производител го подобрил моделот, како технолошки така и стилски, а автомобилот добил повеќе простор во просторот за патници, како и поголем багажен простор.

Клиентите имаат на располагање голем број на опции за персонализација на возилото, вклучувајќи каросерија во две бои, а во понуда се единаесет бои на екстериерот, плус опција со покрив и огледала во друга контрастна нијанса. Достапни е и широк спектар на алуминиумски тркала, од 15 до 18 инчи.

Моторизацијата се состои од бензин TFSI турбо 1.0 l (3 цилиндри) и 1.5 со 2.0 литри (4 цилиндри). Опсегот на моќност на погонските единици се движи од 95 КС (70 kW) до 200 КС (147 kW).

Повеќето верзии во понуда ќе бидат со мануелен менувач или седум-степен автоматски систем за пренос со двојно квачило, додека во врвот на понудата е поставен Audi A1 40 TFSI со 200 коњски сили и шест-брзински автоматски S Tronic менувач.

Тука се и голем број на безбедносни системи кои ќе бидат достапни опционално, а меѓу нив се предупредување за напуштање на лентата на движење, со помош за враќање на автомобилот во неа, ограничувач на брзината, адаптивна контрола на крстарење, помош при паркирање, како и радарскиот систем за спречување на фронтален судир со автоматско сопирање, доколку возачот не реагира на претходното предупредување.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1Ko79qI13C5Sz74Jtd5zbzJS72lbEWx0K” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот Audi A1 Sportback во продажба треба да пристигне на крајот од годината.