Поглед во иднината: Honda SUV e:prototype
Минатата година на авто салонот во Пекинг, Honda изложи ново концептно возило означено како SUV e: concept, за сега на салонот во Шангај, да претстави ажурирана варијанта на истото означена како Honda SUV e:prototype
Honda SUV e:prototype е електричен автомобил (детали за него сè уште не се објавени) за кој се вели дека ја најавува насоката на компанијата за идните електрични модели за кинескиот пазар.
Овој модел се одликува, меѓу другото, со LED предни светла, LED светла за магла и осветлено лого „H“, додека слики за внатрешноста засега недостасуваат.
Автомобилот е опремен и со ADAS, следната генерација на Honda Sensing системи за безбедност и помош на возачот, како и најновата генерација на системot Honda Connect.
Во план е и сериска верзија за пролетта 2022 година. Тоа ќе биде еден од 10-те нови електрични модели кои Honda ќе ги претстави во Кина во следните пет години. Останува да видиме дали серискиот e:prototype може да се продаде и надвор од Кина.